ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

ПРЕТСТАВНИК НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ УЧЕСТВУВАШЕ НА НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА НА РОМИТЕ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

27.10.2022, СКОПЈЕ

Во рамките на меѓународната соработка на Институцијата Народен правобранител-Национален превентивен механизам, во дводневна посета беа членовите на Институцијата за човекови права и еднаквост на Република Туркије, акредитирана како Национална институција за човекови права со статус Б.

Меѓу двете институции беше потпишан Меморандум за соработка, а се одржа и состанок со цел запознавање со меѓусебните надлежности и начини на спроведување на посети на места за лишување од слобода, се разменија искуства од работата, и се разговараше за предизвиците со кои двата механизми се соочуваат. Во фокусот на разговорите беше ангажирањето на надворешните соработници, односно експерти при спроведување на теренските посети.

Претставници на народниот правобанител-Национален превентивен механизам и дел од членовите на Националната иституција реализираа заедничка посета на место на лишување од слобода, со цел согледување на состојбите на терен. Посетата беше најавена, при што членовите на делагацијата од Туркије беа запознаени со начинот на кој Народниот правобранител-Национален превентивен механизам работи на терен, начинот на кој комуницира со одговорните во местата за лишување од слобода, алатките кои му се ставени на располагање со цел согледување на материјалните услови и сл.