ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

ПРЕТСТАВНИК НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ УЧЕСТВУВАШЕ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОБЕЗБЕДЕН ИНТЕРНЕТ

11.02.2025, СКОПЈЕ

Претставник на канцеларијата на Народниот правобранител, советник, Весна Бошевска-Петрушевска, на покана на Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ – Скопје, учествуваше на настан по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за побезбеден Интернет. Со овој настан започна кампањата на национално ниво за подигнување на свеста за безбедноста на децата во дигиталниот свет.

Во своето обраќање, Весна Бошевска - Петрушевска наведе дека одбележувањето на Меѓународниот ден за побезбеден Интернет, доаѓа во време кога прашањата: Како да ги научиме децата, кои и какви содржини не треба да споделуваат на интернет? и Како да ги заштитиме децата од споделените информации/содржини на интернет?, стануваат се поактуелени, земајќи го предвид влијанието на социјалните медиуми кое од ден на ден, се повеќе се зголемува. Таа истакна дека на децата треба да им се објасни како да ги препознаат лажните вести на Интернет, да бидат многу претпазливи кога комуницираат он-лајн и да не споделуваат сомнителни линкови и мејлови.

Имено, факт е дека со развојот на дигиталната технологија, децата денес, како никогаш до сега, се соочуваат со ризици по својата приватност, идентитет, углед и безбедност, па оттука, Народниот правобранител укажува на важноста на родителските контроли како битен сегмент за заштита на правото на приватност на нашите деца и за нивната безбедност на Интернет.