ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk
ПРВ СОСТАНОК НА СОВЕТОДАВНИОТ ОДБОР ЗА ПРОЕКТОТ „КВАЛИТЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА СИТЕ - СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“
20.04.2023, СКОПЈЕ
Државната советничка на Народниот правобранител м-р Васка Бајрамовска- Мустафа, која го раководи посебниот оддел за заштита на правата на детето и лица со попреченост, како дел од Советодавниот Одбор на проектот „Квалитетно образование за сите - Северна Македонија“, учествуваше на првиот состанок на Советодавниот Одбор за проектот, кој се одржа на 20 април 2023, во Скопје. На средбата присуствуваа претставници од Министерство за образование и наука, Биро за развој на образованието, Државен просветен инспекторат, Државен испитен центар, Институт за Педагогија, Центар за стручно образование и обука, Комисија за спречување и заштита од дискриминација, Министерство за надворешни работи, Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија и Амбасада на Сојузна Република Германија. На состанокот, од страна на проектниот тим беше презентиран преглед на проектот чија цел е да ги промовира демократијата и човековите права во образованието, во 25 основни и средни училишта, како и да ги подготви младите луѓе, наставниците и училишните стручни служби со потребните вештини и алатки да живеат во мултикултурно општество. Проектот „Квалитетно образование за сите - Северна Македонија“ се имплементира од страна на Советот на Европа, а е финансиран од Германија, а се спроведува во соработка со Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, од декември 2022 до ноември 2025 година. Следниот состанок на Советодавниот Одбор е најавен за октомври 2023 година.