ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ТОЛЕРАНЦИЈАТА И ВО ПРЕСРЕТ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО, УЧЕНИЦИ И НАСТАВНИЦИ ОД ОД ООУ „АЦО ШОПОВ“ ВО ПОСЕТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

15-16.11.2022, СКОПЈЕ

Ученици од основно образование (од седмо и осмо одделение) од скопските основни училишта „Ацо Шопов“ и од ,„Љубен Лапе“, заедно со нивни наставници ја посетија Канцеларијата на Народниот правобранител во Скопје, и се сретнаа со претставници од Одделот за заштита на правата на децата и лицата со попреченост.

Имено, на средбата, која беше од едукативен карактер, учениците и наставниците беа примени од државен советник, м-р Васка Бајрамовска Мустафа, која го раководи Одделот за заштита на правата на детето и советник Албина Исмаили, кои поблиску ги запознаа со работата на Институцијата, надлежностите и мандатот на Народниот правобранител, функционирањето на неговите подрачни канцеларии низ Републиката, со посебен акцент на заштитата на правата на децата.

Учениците преку прашања покажаа интерес за работата на Народниот првобранител, заштитата на правата на граѓаните во пракса, постапувањето по претставки/пријави од граѓани за повреда на права, најчести случаи на констатирани повреди на правата. При тоа, учениците споделија примери од нивното секојдневие за почитување и непочитување на нивните права, а заедно со ученичката училишен правобранител во училиштето изразија свое мислење и перцепции за почитувањето на правата на децата, како и за важноста на ученичкото учество и претставување во рамките на училиштето.

По повод Меѓународниот ден на толеранцијата 16 Ноември, се отвори дискусија и за принципите на недискриминација и еднаквост на сите деца, почитување на различностите преку нивно познавање, решавање на евентуалните несогласување по пат на дијалог и во таа насока потребата од преземање на заеднички активности во училиштето за едукација на децата за мирно решавање на проблемите.

Исто така, во пресрет на 20 Ноември - Светскиот ден на детето, со учениците беше разговарано за важноста на детските права, познавањето на Конвенцијата за правата на детето и имплементацијата на овие права, како и за поголема информираност и подигнување на свеста кај децата, родителите, наставниците и сите чинители во општеството за почитување и остварување на правата на секое дете.

Во текот на средбата со учениците од ООУ „Љубен Лапе“ во разговорот беа активно вклучени и ученичкиот правобранител и претседателот на ученичкиот парламент од ова училиште, со фокус на училишните активности во кои се вклучени, како и за начинот на кој ја извршуваат нивната улога во училиштето. во делот на заштитата и остварувањето на нивните права.