ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ФАКУЛТЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“- БИТОЛА

16.05.2022, СКОПЈЕ

Народнит правобранител, г.Насер Зибери и деканот на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, проф. д-р Никола Дујовски, потпишаа Меморандум со кој се уредува меѓусебната соработка на полето на едукацијата, обуките, давањето на експертска помош при изработка на одредени проекти. Во рамките на соработката, предвидено е претставници на институцијата Народниот правобранител - Националниот превентивен механизам, на покана на Факултетот да изведуваат предавања на студентите од прв, втор и трет циклус на студии.

Во рамките на посетата на Факултетот, народниот правобранител одржа предавања пред студентите и кадетите од Полициската академија, за поставеноста на институцијата Народен правобранител, со посебен акцент на надлежностите на Националниот превентивен механизам кој работи на превенцијата од тортура во местата за лишување од слобода.

„Универзалната декларација за човековите слободи и права, донесена од страна на Организацијата на Обединетите Нации, во членот 5 забранува секаков вид на тортура. Република Северна Македонија во 2008 година се придружи на земјите кои го ратификуваа Факултативниот протокол кон Конвенцијата против тортура и друг вид на сурово, нечовечко или пониживачко постапување или казнување, а една година потоа, со измените и дополнувањата на Законот за народниот правобранител, Инстутуцијата го доби мандатот за превенција од тортура. Основна улога на Механизмот е спречување на тортурата во кој било облик и над кое било лице, затоа што секој има право на достоинствен живот без разлика дали е на слобода, на издржување на затворска казна, во притвор или слободата на движење на друг начин му е ограничена“, истакна, меѓу другото, народниот правобранител, г.Насер Зибери во текот на своето излагање пред студентите.