ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО АДВОКАТСКАТА КОМОРА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

27.06.2022, СКОПЈЕ

Народниот правобанител г.Насер Зибери и претседателот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија г. Љубомир Михајловски потпишаа Меморандум за соработка со цел подигнување на степенот на заштита на правата на граѓаните и намалување на ризикот од торура, особено врз лицата лишени од слобода.

„Секое лиц кое е приведено, задржано, или на друг начин лишено од слобода од страна на полицијата е во ситуација на ранливост. Во таа смисла пристапот до адвокат во првите часови е препознаен како еден од најефикасните начини за намалување на ризиците од злоупотреба и насилство. Адвокатите играат есенцијална улога и во осигурувањето дека лицата лишени од слобода се свесни за своите права и дека истите можат ефикасно да ги остваруват“ истакна при потпишувањето на меморандумот народниот правобранител г. Насер Зибери.