ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ И НЕВЛАДИНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА „РОМАЛИТИКО“

30.03.2022, СКОПЈЕ

Народниот правобранител г.Насер Зибери и извршниот директор на Невладината организација „Ромалитико“, г.Елвис Шаќири, потпишаа Меморандум за соработка, со кој во иднина се планираат заеднички активности, во поглед на унапредувањето на заштитата на правата на Ромите, како и организирање на заеднички настани кои имаа за цел информирање за надлежностите на институцијата во поглед на заштитата на правата на граѓаните.

Со Меморандумот, покрај размена на информации и организирање на настани предвидено е активно вклучување на замениците на народниот правобранител од сите шест подрачни канцеларии, Куманово, Штип, Струмица, Тетово, Кичево, Битола во промотивните кампањи во повеќе градови низ државата, а чија цел е запознавање на граѓаните со надлежностите на институцијата Народен правобранител, пред сѐ во поглед на тоа кога и како можат да се обратат до него.