ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКДОНИЈА И ЛОКАЛЕН ОМБУДСМАН НА КРАГУЕВАЦ
25.10.2023, СКОПЈЕ
Заменик - народниот правобранител, д-р Јован Андоновски и Локалниот омбудсман на град Крагуевац, Јелена Миливојевиќ потпишаа Меморандум за соработка чија цел е зајакнување на пријателските односи помеѓу институциите со цел придонес во заштитата на правата на граѓаните врз основа на начелата на рамноправност и взаемна корист, а согласно со законите и прописите на Република Северна Македонија и Република Србија. Двете институции ќе остваруваат соработка во сите области кои се однесуваат на заштитата на правата на граѓаните, преку размена на информации, искуства и најдобри практики, а ќе оранизираат работилници, конференции и други настани во делот на промоцијата на човековите слободи и права