ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

ПАРТИЦИПАТИВЕН ФОРУМ „СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА ПО ОСНОВ НА ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ“

09.03.2023, СКОПЈЕ

Народниот правобранител г.Насер Зибери беше еден од воведничарите на партиципативниот форум на тема „Спречување и заштита од дискриминацијата по основа на етничка припадност“, кој во организација на Агенцијата за правата на зaедниците се одржа во хотелот „Арка“ во Скопје. „Дискриминација е тема за која може да се разговара во секое време, од причина што иако состојбите во овој дел полека одат напред таа сепак сѐ уште е присутна кај нас. Во последните години се повеќе се дискутира за дискриминацијата, што е за поздравување, затоа што се детектираат проблемите, но и се предлагаат решенија. Исто така, носењето на новата законска регулатива и формирањето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, со зајакнати надлежности дава дополнителен придонес во решавањето на ова горливо прашање. Во рамките на Народниот правобрател, формиран е посебен Оддел за заштита од дискриминација кој постапува по преставките кои се однесуваат на оваа девијантна појава по сите основи дефинирани во Законот за спречување и заштита од дискриминација Податоците за минатата година покажуваат зголемување на бројот на претставките кои се однесуваат на дискриминацијата, а втори по бројност се токму оние на кои како основ се наведува националната/етничката припадност.Ова покажува дека граѓаните сѐ уште заради својата припадност кон одредена етничка заедница се чувствуваат дискриминирани, или сметаат дека не се третирани на еднаков начин со другите“, истакна, меѓу другото, народниот правобранител, г. Зибери.