ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk
НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ НА СЛОВЕНИЈА ОСТВАРИ СТУДИСКА ПОСЕТА НА НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ НА РС.МАКЕДОНИЈА
2.-4.10.2024, СКОПЈЕ
Членови на словенечкиот национален превентивен механизам (НПМ), на покана на македонскиот НПМ тим, од 02 до 04 октомври 2024 година, остварија студиска посета во Македонија на Националниот превентивен механизам на РС.Македонија, којашто имаше за цел размена на практични искуства и предизвици при спроведувањето на превентивни посети во местата на лишување од слобода. Првиот ден од студиската посета, беше посветен на запознавање со работата на македонскиот НПМ тим и општите состојби во местата на лишување од слобода, а вториот и третиот ден вклучуваа теренски посети во Психијатриската болница Негорци и Воспитно-поправниот дом Тетово. Теренските посети беа претходно најавени и спроведени во координација и организација со раководните лица на овие установи. Оваа форма на соработка и размена на искуства во спроведувањето на превентивни посети во рамките на мрежата НПМ на ЈИЕ се покажа како многу корисна. Тоа е одлична можност за размена на добри практики во извршувањето на должностите и овластувањата на националните превентивни механизми, како и запознавање со третманот на затворените лица во другите земји и правната рамка која го регулира лишувањето од слобода на тие места.