ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

НАЦИОНАЛНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ПОДГОТОВКА НА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

28-29.06.2022, СКОПЈЕ

Државната советничка, м-р Васка Бајрамовска Мустафа, заедно со тимот на Народниот правобранител за мониторинг на имплементацијата на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, советничките Жаклина Георгиевска и Весна Бошевска Петрушевска, учествуваа на Национална работилница за подготовка на Националната стратегија на правата на лицата со попреченост, што се одржа во „Холидеј Ин“, Скопје, во организација на Владата на РС Македонија, Министерството за труд и социјална политика и Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), а во соработка со тимот на Агенциите на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост.

На работилницата беа промовирани клучните наоди и препораки од Евалуацијата во врска со правата на лицата со попреченост во Република Северна Македонија, по што се одржа панел дискусија на која г-ѓа Мустафа Бајрамовска одговараше на прашања поврзани со работата на независниот мониторинг механизам при Народниот правобранител, соработката со граѓанските организации и лицата со попреченост, како и потребата од заедничко дејствување и подигање на степенот на заедничко дејствување во следењето на имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.

Оваа работилница овозможи партиципативност на сите актери кои работат на ова поле (претставници на ресорсните министерства, членови на НКТ, организации на лицата со попреченост, родителски организации, Здруженија на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС ), Центрите за социјална работа, Агенција за вработување) заеднички да дискутираат и споделат потенцијални решенија кои ќе се рефлектираат во новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост.