ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk
НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ЗДРУЖЕНИЕТО „ХЕРА“ - АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЕДУКАЦИЈА И ИСТРАЖУВАЊЕ
31.07.2024, СКОПЈЕ
Народниот правобранител, г.Насер Зибери и извршната директорка на Здружението „ХЕРА“ – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, г-ѓа Мила Царовска, потпишаа Меморандум за соработка со цел развивање на заеднички проекти. Овој Меморандум, е продолжување на праксата на соработката која Институцијата ја има со невладиниот сектор, во насока на подобрување на заштитата на правата на граѓаните. Соработката ќе се одвива преку развивање на заеднички проекти во повеќе области со фокус на правата на жените, младите и ранливите групи граѓани и тоа:
Идентификување на проблеми и предизвици со кои се соочуваат ранливите групи и маргинализираните групи граѓани, вклучително и младите, девојките, момчињата, жените, лицата со попреченост, Ромките, жените и децата кои се жртви на насилство, девојките и жените од руралните средини, децата без родителска грижа и клучните популации засегнати од ХИВ, и придонес во обезбедување на заштита на нивните права и предлагање мерки за надминување на проблемите;
Активно учество во соработка со институтски и тела за подобрување на состојбата на почитување и заштита на правата на ранливите групи и маргинализираните групи граѓани, вклучително и младите, девојките, момчињата, жените, лицата со попреченост, Ромките, жените и децата кои се жртвите на насилство, девојките и жените од руралните средини, децата без родителска грижа и клучните популации засегнати од ХИВ;
Анализа, проучување и следење на прописите и компаративните права кои произлегуваат од Конвенциите и декларациите кои ги има потпишано државата во однос на човековите права;- Следење на имплементацијата на релевантните политики поврзани со унапредување на човековите права во областа на здравственото, социјалната заштита и образованието;
Следење на состојбата на почитување и уживање на правата на жените, младите и ранливите групи граѓани во државата; - Идентификување на дезинформации и штетни наративи поврзани со родовата еднаквост кои се шират од страна на анти родовите движења;
Заеднички активности за промоција и унапредување на човековите права во областа на здравственото, социјалната заштита и образованието и
Други прашања поврзани со правата на жените, младите и ранливите групи граѓани во државата