ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ЕВРОПСКАТА АГЕНЦИЈА ЗА ГРАНИЧНА И КРАЈБРЕЖНА СТРАЖА-ФРОНТЕКС

13.02.2025, СКОПЈЕ

Народниот правобранител, г.Насер Зибери оствари средба со г.Јонас Гримхеден, Офицер за човекови права, Раководител на Одделот за човекови права на Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (ФРОНТЕКС), на која потпишаа Меморандум на разбирање, со кој се регулира соработката помеѓу двете институции.

Целта и опсегот на овој Меморандум на разбирање е да се обезбеди соработка помеѓу двете институции, секоја во рамките на своите мандати, и размена на информации во однос на наводите за прекршувања на човековите права во текот на оперативните активности на Агенцијата на територијата на Република Северна Македонија.

Двете страни се согласија дека е потребна засилена координација и соработка заради ефективно спроведување на Механизмите за справување со претставките кои се однесуваат на повреда на основните човекови права од страна на службени лица.