ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk
НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО СОРАБОТКА СО ФОНДАЦИЈАТА ЗА ОБРАЗОВНИ И КУЛТУРНИ ИНИЦИЈАТИВИ „ЧЕКОР ПО ЧЕКОР“ ЗАПОЧНУВА ЕДНОГОДИШНА КАМПАЊАТА „СИТЕ ПРАВА ЗА СИТЕ ДЕЦА“
20.11.2024, СКОПЈЕ
Денес во чест на одбележувањето на денот на донесувањето на Конвенцијата за правата на детето од страна на Генералното собрание на ОН на 20 ноември 1959 година и 31-годишнината од ратификувањето на Конвенцијата од нашата земја, Народниот правобранител во РСМ и Фондацијата за образовни и кутурни инцијативи „Чекор по чекор“ ја отпочнуваат кампањата СИТЕ ПРАВА ЗА СИТЕ ДЕЦА. Оваа видео кампања е изготвена во рамки на проектот Децата на 1-во место! финансиран од Европската Унија.Кампањата има за цел да ја информира и едуцира јавноста за правата на детето; да ја зголеми свесноста за важноста од ученичкото учество и вклучувањето на учениците во донесувањето одлуки преку Ученичкиот парламент и Ученичкиот правобранител; да ја зголеми свесноста за безбедноста на децата во сајбер просторот и начините на заштита. Целта е исто така да ги мотивира сите засегнати страни (училиштата, родителите на учениците, образовни власти, претставници на локална самоуправа) за подобро разбирање на правата на детето како и механизмите за нивна заштита, охрабрувајќи ги да се залагаат за СИТЕ ПРАВА ЗА СИТЕ ДЕЦА.