ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. НАСЕР ЗИБЕРИ СЕ СРЕТНА СО АМБАСАДОРОТ НА РЕПУБЛИКА ФРАНЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Н.Е. КРИСТОФЕР ЛЕ РИГОЛЕР

09.05.2025, СКОПЈЕ

Народниот правобраниетел, г.Насер Зибери се сретна со амбасадорот на Република Франција во Република Северна Македонија, н.е Кростофер Ле Риголер.

На средбата, народниот правобранител се заблагодари за посетата и, воедно, го запозна амбасадорот со поставеноста на Институцијата, начинот на работата и со мандатите кои ги остварува Институцијата. Исто така, на средбата стана збор и за предизвиците со кои се соочува институцијата Народен правобранител во својата работа, пред сѐ од финансиски и кадровски аспект - буџетот и екипираноста. Народниот правобранител, г. Зибери го информираше амбасадорот дека овие два аспекта - финансиската независност и самостојноста во работата на стручната служба, согласно Законот, се клучни елементи во исполнувањето на Париските принципи и добивањето на статус А, со што Народниот правобранител би станал Национална институција за заштита на човековите слободи и права.

Тема на разговор, беше и надлежноста на Народниот правобранител во поглед на почитувањето на уставното начело на соодветна и правична застапеност, во светло на одлуката на Уставниот суд за укинување на одредбите од неколку закони и подзаконски акти, кои се однесуваа на вработувањата на немнозинските заедници или познатиот балансер. Како што истакна народниот правобранител, г. Насер Зибери, во еден систем во кој една од темелните вредности на уставниот поредок е принципот на соодветна и правична застапеност, не смее да има празнина по однос на истите.