ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.НАСЕР ЗИБЕРИ УЧЕСТВУВАШЕ НА ТРЕТАТА ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА МРЕЖАТА НА КОМИСИИТЕ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И РОДОВА ЕДНАКВОСТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН (HUGEN)

15-16.03.2022, СКОПЈЕ

Народниот правобранител г. Насер Зибери учествуваше на третата годишна конференција на Мрежата на комисиите за човековите права и родова еднаквост на Западен Балкан (HUGEN), на која се дискутираше на тема „Придонес на парламентарната соработка за унапредување на човековите права и родова еднаквост“.

„Темата на која денес зборуваме е од исклучителна важност, посебно што измнинатите две години светот живее во време на пандемија, во која има ограничувања на голем број на човекови слободи и права. Сите сме исправени пред истите дилеми, како во една ваква ситуација да се заштити здравјето на граѓаните, но не на сметка на нивните права иако се соочивме со ситуации кога имаше ограничувања, пред сѐ во сферата на слободата на движење. Народниот правобранител игра главна улога во креирањето на атмосфера за почитување на правата на граѓаните од сите институции, и не само тоа, туку игра и главна улога во заштитата на правата на граѓаните. Соработката со Парламентот е од ислкучителна важност, од причина што тоа е адресата каде се обраќа Народниот правобранител.Тука се дискутира за констатираните состојби во однос на степенот на почитувањето на човековите слободи и права, а од неговиот Годишен извештај се утврдуваат мерки за спроведување на општи препораки.“

Ова, меѓу другото, го истакна народниот правобранител, г. Насер Зибери во своето излагање или осврт на темата за „Парламентарна соработка со независните институции, со цел унапредување на човековите права во регионот на Западен Балкан“.

Осврнувајќи се на соработката со Парламентот, тој рече дека таа не е на задоволително ниво и како пример го истакна фактот што Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за 2020 година, пратениците го разгледаа во април минатата година, но мерките за спроведување на препораките по истиот, кои се доставуваат до Владата на надлежно постапување, се донесени дури кон крајот на годината. „Незадоволителна е состојбата и со финансиската независност на институцијата Народен правобранител, од причина што наместо ние како Институција да го контролираме Министерството за финансии, тоа нѐ контролира нас преку ограничувања во поглед на распределбата и трошењето на средствата веќе обезбедни во буџетот и тоа речиси за сите намени“, истакна г.Зибери. Мрежата на комисиите за човекови права и родова еднаквост во Западен Балкан (HUGEN), е основана како неформална мрежа на парламентите, на доброволна основа и принцип, во октомври 2019 година. HUGEN е основана со цел да ги унапреди постојните и да развие нови механизми за регионална парламентарна соработка во однос на човековите права и родовите прашања во регионот на Западен Балкан, како и да овозможи посилен парламентарен надзор на човековите права и родовите закони и политики.