ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk
НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.НАСЕР ЗИБЕРИ СЕ СРЕТНА СО ПОСТОЈАНАТА ПРЕТСТАВНИЧКА НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА УНИЦЕФ ВО СКОПЈЕ Г-ЃА ЛЕСЛИ МИЛЕР
12.12.2024, СКОПЈЕ
Народниот правобранител, г. Насер Зибери оствари средба со Делегација на канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, предводена од постојаната претставничка, г-ѓа Лесли Милер. На средбата, стана збор за досегашната соработка помеѓу двете канцеларии, која беше оценета како исклучително добра, пред сѐ во развивање на проекти кои се однесуваат на промоција на правата на децата. Народниот правобранител, г.Зибери истакна дека од исклучителна важност за Институцијата е поддршката која од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје ја дава во поглед на зајакнување на нејзините капацитети, и дека истата треба да се продлабочи во иднина. Народниот правобранител, воедно ја запозна постојаната претставничката, г-ѓа Милер, со работата на Одделот за заштита на правата на детето, како и со работата на Тимот за мониторирање на спроведувањето на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост. Исто така, на средбата беа разменети и мислења околу спроведувањето на процесот на инклузивното образование во училиштата во РС.Македонија, за состојбата со малолетничките бракови во државата и за децата кои питачат. Соговорниците посочија дека во иднина соработката ќе биде поинтензивна и дека ќе се одвива преку редовни средби, на кои ќе се разменуваат ставови и мислења за актуелни прашања поврзани со правата на децата, како што се измените на Законот за семејство, Законот за основно и за средното образование, и слично.