ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.НАСЕР ЗИБЕРИ СЕ СРЕТНА СО АМБАСАДОРОТ И ШЕФ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКEДОНИЈА Н.Е. ДЕЈВИД ГИР

21.11.2022, СКОПЈЕ

Народниот правобранител, г.Насер Зибери оствари средба со Амбасадорот и Шеф на Делегацијата на Евроспката Унија во Република Северна Македонија Н.Е Дејвид Гир, на која, меѓу другото стана збор за важноста на институцијата Народен правобранител во рамките на преговарачкиот процес со Европската Унија од аспект на независен механизам за заштита на правата на граѓаните, како и за актуелните состојби поврзани со работата на Институцијата, соработката со другите институции, како и состојбата од финансиски, така и од кадровски аспект.

Двајцата соговорници се согласија дека Институцијата има важна улога кога станува збор за заштитата на правата на граѓаните и од тие причини игра важна улога во преговорите посебно во поглавјата 23 и 24, кои, меѓу другото се однесуваат и на фундаменталните права, поради што потребно е нејзино зајакнување од секаков аспект, посебно од аспект на финансиска независност. Амбасадорот беше запознаен со предизвиците/проблемите со кои се соочува Институцијата - изборот на пет заменици на народниот правобранител, усвојувањето на мерките од страна на Собранието, како и со отежнатата соработка со другите институции.

На средбата беше договорено заедничка соработка во одбележувањето на 25 годишнината од работењето на Институцијата преку организирање на дебата.