ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk
МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА НАДЗОРНАТА УЛОГА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАД БЕЗБЕДНОСНИОТ СЕКТОР
08.11.2023, СКОПЈЕ
„Правото на приватност, тајноста на писмата и на сите други облици на општење, неповредливоста на домот се основни човекови права загарантирани како со меѓународните документи, така и со домашната регулатива. Нивното прекршување претставува сериозна повреда на човековите права и слободи и едно од најгрубите упади кои една власт може да ги направи користејќи ги тајните служби. Нашата земја во блиското минато имаше многу лошо искуство во доменот на повредата на овие права, и како резултат на отсуството на цивилната и политичката контрола врз овие институции. Од таа причина, мислам дека искуствата кои денес ќе ги слушнеме, пред сѐ за улогата на Народниот правобранител како надзорно тело врз овие служби, ќе биде од голема корист за нас како Инситуција која го има овој мандат. Во ситуација на разнишана доверба кон тајните служби (каква што ја имаме во нашата држава во последните неколку години) соработката на Народниот правобраните со овие органи, поточно вршењето на надзорот над нив од страна на Народниот правобранител сметам дека претставува заединички интерес, затоа што довербата лесно се урива, но тешко потоа повторно се стекнува. Ова, меѓу другото, го истакна народниот правобранител, г. Насер Зибери во својот поздравен говор на отворањето на Меѓународната Конференцијата на тема „Надзорната улога на Народниот правобраниел над безбедносниот сектор од аспект на заштита на правата на граѓаните“, а која Иснтитуцијата ја организираше во соработка со Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (ДЦАФ), во рамките на Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Република Северна Македонија (2021-2026), имплементирана од ДЦАФ, а финансирана од Швајцарија, Шведска, Холандија и Европската Унија. Според народниот правобранител граѓаните мора да бидат убедени дека приватноста во нивниот дом, како и комуникациите кои секојдневно ги користат (телефноски разговори, интернет комуникација и слично) им се загарантирани и дека никој не смее да завлегува во истите надвор од она што Уставот и законот го дозволува. Исто така, граѓаните мора да бидат убедени дека надлежните институции ова право ќе им го штитат дека, овие тела функционираат и дека секое прекршување не само што ќе биде откриено туку и соодветно ќе биде санкционирано. Свој поздравен говор на Конференцијата имаше и Претседателот на Република Северна Македонија г.Стево Пендаровски, кој истакна дека темата на конференцијата, а, особено нејзините заклучоци и препораки ќе имаат повеќеслојно значење за Република Северна Македонија. „Како една од новите членки на НАТО нашите безбедносни служби имаат одговорност да ја остваруваат својата клучна задача, а таа е - заштита на националната безбедност и демократскиот поредок на државата, како и правата и слободите на граѓаните. Претпоставка за остварувањето на оваа цел е успешно пресретнување и попречување на злонамерните влијанија и мешањето во внатрешните работи на државата, со цел, да се ослабнат институциите и наруши општествената кохезија. Како кандидат за членство во Европската Унија имаме одговорност работата на безбедносните служби да биде во согласност со Уставот и законите и под контрола на демократските политички институции, но и на независните институции за надзор, како и на цивилното општество, со цел безбедносните служби да ја извршуваат својата функција почитувајќи го начелото на владеење на правото и штитејќи ги правата и слободите на граѓаните“, истакна претседателот на Република Северна Македонија г.Стево Пендаровски. Значењето на Коферецијата го потенцираше и Амабасадорот на Швајцарија во Република Сверна Македонија Н.Е.Вероник Хулман, како и Ханс Борн, помошник - директор и раководител на Одделот за политика и истражување, ДЦАФ, кој воедно беше и панелист во првата сесија „Народниот правобранител и надзорот на безбедносниот сектор: улоги, одговорности и тековни трендови“, каде панелисти беа и Лука Глушац, Институт за филозофија и социјална теорија, Универзитетот во Белград, Искра Акимовска - Малетиќ, универзитетски професор, Факултет за безбедност-Скопје и Ведије Раткоцери, универзитетски професор, Универзитет на Југоисточна Европа. Во вториот дел од Конференцијата, на тема „Практични компоненти на улогата на Народниот правобранител во надзор на разузнавањето и безбедноста: перспективи, предизвици и најдобри практики во однос со другите форми на надзор“, панелисти беа Кимо Хаконен, народен правобранител за разузнавање, Финска, Љупчо Пренџов, претседател на собраниската Комисија за надзор над работата на АР и АНБ, Собрание на Република Северна Македонија, Лора Видовиќ, поранешна народна правобранителка на Република Хрватска и Џемали Саити, врховен судија, претседател на Здружението на судии на Република Северна Македонија.