ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

КАМПАЊА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА ПРОМОВИРАЊЕ НА ПРАВАТА НА ДЕЦАТА И ЗАШТИТА ОД ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО

19.11.2024, СКОПЈЕ

Народниот правобранител со поддршка од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ финансиран од Европкста унија, во пресрет на 20 Ноември-Светскиот ден на детето го промовираше видеото „Да го прекинеме кругот на врсничкото насилство!” кое е дел од кампањата за подигнување на свеста за промовирање на правата на децата и заштита на децата од врсничко насилство.

Настанот го отворија Васка Бајрамовска-Мустафа, државен советник во канцеларијата на Народниот правобранител, и Барбара Лигл, раководителка на компонентата 4 од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.

„Оваа активност е посветена на децата и на нивното право да бидат заштитени од секаков вид на злоупотреби и насилство – исткна во своето обраќање претставничката на Народниот правобранител. Кампањата е апел и повик за акција за сите – родители/старатели, наставници, креаторите на политики, но и апел до самите деца и млади, до медиумите заеднички да го прекинеме кругот на врсничкото насилство. „Заедно, можеме да создадеме средина каде што почитта, емпатијата и солидарноста ќе го заменат насилството и малтретирањето“- изјави г-ѓа Бајрамовска-Мустафа.

Кампањата ги охрабрувa сите засегнати страни да се приклучат на оваа важна мисија за ставање крај на врсничкото насилство и создавање безбедни и поддржувачки заедници. Потсетувајќи на Конвенцијата за правата на детето на Обединетите Нации, која нашата држава ја ратификуваше пред 31 година, Бајрамовска-Мустафа истакна дека обврска на возрасните, односно на сите чинители во државата е да обезбедат добра иднина на децата, да ги слушнат децата овозможувајќи им го правото на самоизразување.

„Денес,а сите преостанати денови треба да ги разбереме нивните идеи за подобар свет. Да ги вклучиме децата и младите односно нивните приоритети во плановите и акциите за подбро утре. А подобро утре за секое е дете е да обезбедиме сигурно денес, без насилство, исклучување и злоупотреби“.

Народниот правобранител и натаму посветено ќе работи во исполнување на оваа мисија, затоа што градењето на свеста и разбирањето што значи децата да имаат права и кои се нивните права е суштински дел од нашата работа, во насока на осигурување дека децата се почитувани, фер третирани и дека нивните права се заштитени додека растат-изјави претставничката на Народниот правобранител.