ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

ЗИБЕРИ-ГРКОВСКА: ЕФИКАСНАТА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ГРАЃАНИТЕ Е ПРИОРИТЕТ, ЗАЕДНИЧКИ ГИ НАДМИНУВАМЕ ДЕТЕКТИРАНИТЕ СЛАБОСТИ

13.04.2023, СКОПЈЕ

Народниот правобранител г. Насер Зибери, оствари средба со заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење,Славица Грковска, на кој се разговараше за предизвиците со кои се соочува оваа институција, но и за начините како тие да се надминат. Вицепремиерката Грковска го информираше народниот правобранител Зибери за координативните активности што ги презема нејзиниот кабинет, со цел да се обезбеди поефикасна имплементација на Извештајот за напредокот на Република Северна Македонија, подготвен од Европската комисија. Двајцата соговорници разговараа за потребата да се пристапи кон измена на законската рамка која се однесува на Народниот правобранител како институција, која ќе овозможи усогласување на правната рамка со париските критериуми и венецијанските начела, пред се во поглед на нејзината финасиска независност.

Се разговараше и за соработката што Народниот правобранител ја има со останатите институции, со цел да се обезбеди ефикасна заштита на правата на граѓаните, при што беше нагласено дека веќе се надминати проблемите со посетите на казнетите установи, со кои Народното правобранителство порано се соочуваше.

Вицепремирката Грковска и народниот правобранител Зибери изразија подготвеност наредниот период, заеднички да работат на надминување на предизвиците со кои се соочува оваа институција, што е предуслов за унапредување на ефикасноста на заштитата на граѓаните.