ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПРОЕКТОТ „ЕУ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА: ВКЛУЧУВАЊЕ НА КОНЦЕПТИТЕ ЗА НЕДИСКРИМИНАЦИЈА ВО ЗАКОНОДАВСТВОТО“

21.06.2023, СКОПЈЕ

Народниот праворанител, г.Насер Зибери и државниот советник, Васка Бајрамовска-Мустафа учествуваа на завршната конференција во рамките на проектот „ЕУ за човекови права:Вклучување на концептите за недискриминација во законодавството“, финансиран во рамките на ИПА програмата, кој го спроведе Министерството за труд и социјална полтика, а во кој активно учествуваше и канцеларијата на Народниот правобранител.

Во својот поздравен говор, народниот правобранител, г.Насер Зибери истакна дека Проектот беше од голема полза за работата на институцијата, со оглед на фактот што нејзин претставник учествуваше во сите фази од неговото спроведување, а дел од вработените имаа можност да учествуваат на обуките наменети за препознавање и за постапување по случаите на дискриминација, што е една од областите за кои е надлежна да постапува институцијата, па оттука, учеството и ангажманот во рамките на Проектот се надоврзаа со потребата вработените континуирано да се надградуваат и да стекнуваат вештини и знаења, со цел ефикасно постапување по претставките, што е многу е важно. „Фактот што нашата земја цели кон полноправно членство во Европската Унија каде еден од клучните моменти е усогласувањето на легислативата во сите сегменти, во рамките на проектот е изработена анализа врз основа на која беа подготвени амандмани на пет закони, чија цел е подобрување на законската регулатива која се однесува на дискриминацијата“, истакна Зибери.