ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk
ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА ПОМЕЃУ НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ, УНДП И НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ПРЕКУ ПОТПИШУВАЊЕ НА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА
24.09.2024, СКОПЈЕ
Канцеларијата на Народниот правобранител на Република Северна Македонија, во соработка со УНПД - Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права и граѓанските организации посветени на заштитата на животната средина и човековите права.организираа работилница, на која, меѓу другото потпишаа и Меморандум за соработка. Според народниот правобранител, г. Насер Зибери, овој заеднички проект претставува голем и значаен чекор во работата на Институцијата кога станува збор за животната средина, од причина што поддршката и од УНДП и од невладините организации се битен фактор. „Сите знаеме дека НВО секторот е онаа битна алка во соработката со Народниот правобранител, поради можноста со помош на овие организации да се собираат податоци, кои потоа се преточуваат во посебни извештаи и истражувања како битен сегмент во нашата работа“, истакна народниот правобраниел, г. Насер Зибери. Постојаниот претставник на УНДП, г.Армен Григоријан изјави „Ова ќе создаде трајна рамка за заедничко дејствување, споделување знаење и зајакнато застапување за човековите права во животната средина. Верувам дека граѓанските организации заедно со медиумите ќе бидат движечка сила кога станува збор за еколошката правда“. На тркалезната маса „Зголемување на соработката помеѓу Народниот правобранител и граѓанските организации за еколошката правда“, на присутните им се обрати Татијана Темелкоска, советник за човекови права во ОХЦХР. Според Темелковска, „Соработката и заедничкото дејствување се од клучно значење во областите кои динамично се развиваат на глобално ниво, како што се еколошката правда и климатските промени, бидејќи се работи за повеќекратно прекршување на човековите права кои ги засегаат сегашните и идните генерации“. Инаку, оваа работилница е дел од проектот „Зголемување на улогата на Народниот правобранител во еколошката правда“, кој е финансиран од Глобалната програма на УНДП за зајакнување на владеењето на правото, а го имплементира УНДП во соработка со Народниот правобранител на Северна Македонија, ОХЦХР и ГАНРИ.