ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk
Потпишан меморандум за соработка со Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола
Народниот правобранител, г.Насер Зибери оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија, Н.Е.Хосе Луси Лосано Гарсија
Народниот правобранител, г.Насер Зибери оствари работна средба со претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, м-р Марко Бислимоски
На прес-конференција презентиран Годишниот извештај на Народниот правобранител за 2020 година
Народниот правобранител, г.Насер Зибери оствари средба со Амбасадорот и Шеф на Делегацијата на Евроспката Унија во Република Северна Македонија Н.Е Дејвид Гир
за степенот на почитување и заштита на човековите слободи и права
Според спроведените истражувањата на НП
како резултат на предметното работење
Собранието на Република Македонија, го избира и разрешува народниот правобранител. Народниот правобранител се избира за време од осум години, со право на уште еден избор. Во извршувањето на функциите и надлежностите на народниот правобранител му помагаат заменици избрани од Собранието на Република Македонија.
19.декември.2022
Државниот советник, м-р Васка Б. Мустафа учествуваше како панелист на настанот „Учиме да се вклучиме“, во организација на Здружението Отворете ги прозорците, кој беше завршен настан на проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“, реализиран со поддршка од Детската Фондација „Песталоци“.
21.ноември.2022
Народниот правобранител, г.Насер Зибери оствари средба со Амбасадорот и Шеф на Делегацијата на Евроспката Унија во Република Северна Македонија Н.Е Дејвид Гир, на која, меѓу другото стана збор за важноста на институцијата Народен правобранител во рамките на преговарачкиот процес со Европската Унија од аспект на независен механизам за заштита на правата на граѓаните, како и за актуелните состојби поврзани со работата на Институцијата, соработката со другите институции, како и состојбата од финансиски, така и од кадровски аспект.
15.ноември.2022
Ученици од основно образование (од седмо и осмо одделение) од скопските основни училишта „Ацо Шопов“ и од ,„Љубен Лапе“, заедно со нивни наставници ја посетија Канцеларијата на Народниот правобранител во Скопје, и се сретнаа со претставници од Одделот за заштита на правата на децата и лицата со попреченост.
31.октомври.2022
Во рамките на меѓународната соработка на Институцијата Народен правобранител-Национален превентивен механизам, во дводневна посета беа членовите на Институцијата за човекови права и еднаквост на Република Туркије, акредитирана како Национална институција за човекови права со статус Б.
Претставници на Народен правобранител-Националниот превентивен механизам (НПМ), м-р Славица Димитриевска, државен советник и м-р Бардхил Лимани, соработник учествуваа на вториот состанок на Мрежата на Национални превентивни механизми на Југоисточна Европа. Состанокот беше во организација на Австрискиот омбудсман борд, односно Националниот превентивен механизам на Австрија како претседавач на Мрежата, а финансиски беше поддржан од Советот на Европа.
09.ноември.2022
Во рамки на меѓународната соработка на Народниот правобранител-Национален превентивен механизам (НПМ), членовите на тимот на НПМ: Славица Димитриевска, државен советник, Александар Тренкоски, советник и Бардхил Лимани, соработник, на 9 и 10 ноември 2022 година остварија студиска посета кај колегите од на словенечкиот НПМ каде што имаа можност да се сретнат и разменат искуства со Иван Шелих, заменик-омбудсман и одговорен за работата на НПМ, како и со членовите на тимот: Ана Полутник, Соња Божич Тестен, Јуре Маркиќ и Роберт Ганчиќ.
05.јули.2022
Заменик-народниот правобранител, Сузана Салиу и државниот советник, Снежана Теодосиевска Јордановска учествуваа на обуката „Предизвиците на недозволената трговија и организиран криминал“, која од 05 до 07 јули 2022 година, се одржа во Гронинген, Кралство Холандија. Обуката беше организирана од Центарот за европски безбедносни студии (CESS) - Холандија, Институтот за политички студии (ISP) - Албанија, Косовскиот институт за истражување и развој (KIPRED) и Институтот за демократија „Societas Civilis“ (IDSCS) - Северна Македонија.
20.јуни.2022
Претставници на Народен правобранител-Националниот превентивен механизам (НПМ), м-р Славица Димитриевска, државен советник и м-р Александар Тренкоски, советник, учествуваа на првиот од двата предвидени состаноци за 2022 година на Мрежата на Национални превентивни механизми на Југоисточна Европа. Состанокот беше во организација на Австрискиот омбудсман борд, односно Националниот превентивен механизам на Австрија како претседавач на Мрежата оваа година.
Народниот правобранител, познат во светот под името Омбудсман, како нова институција во правниот систем на Република Македонија е востановен со Уставот на Република Македонија (“Службен весник на РМ” бр. 52/91, бр. 1/92, бр. 31/98 и бр.91/01). Со Законот за народниот правобранител (“Службен весник на РМ” бр. 60/03, 114/09, 181/16, 189/16 и 35/18) уврдена е надлежноста за заштита на уставните и законските права на граѓаните кога им се повредени од органите на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања.Народниот правобранител е независна, самостојна, професионална и стручна институција и во извршувањето на функциите и надлежностите пред се ги почитува принципите на објективност, непристрасност, одговорност, чесност, совесност, ажурност, итност, експедитивност, партиска неприпадност, еднаквост во заштитата на правата и слободите на граѓаните без разлика на пол, боја, раса, вера и слично. Работите од својата надлежност Народниот правобранител ги врши врз основа и во рамките на Уставот и Законот, како и меѓународните правни акти за човековите слободи и права.
Кога Народниот правобранител ќе констатира дека се повредени уставните и законските права на подносителот на претставката или пак се направени други неправилности може: да даде препораки, предлози, мислења и укажувања за начинот на отстранување на констатираните повреди; да предложи повторно да се спроведе определена постапка согласно со законот; да покрене иницијатива за поведување дисциплинска постапка против службено, односно одговорно лице и да поднесе барање до надлежниот јавен обвинител за покренување постапка заради утврдување казнена одговорност.
Помош и интервенција од Народниот правобранител може да бара секој граѓанин на Република Македонија и странец (лично или преку свој полномошник) кога ќе оцени дека некое негово уставно и законско право му е повредено со акти или дејства на органи на државната управа и други органи и организации што имаат јавни овластувања. Заштита на правото пред Народниот правобранител може да се бара откако претходно граѓанинот се обратил (поднел барање, молба, побарал помош, интервенција или друго дејство) до надлежниот орган или организација, а притоа тој орган или организација донел или не донел акт, презел, односно не презел соодветно дејство. Постапката пред Народниот правобранител се иницира со поднесување претставка (поплака, жалба) која може да се достави лично во канцеларијата на Народниот правобранител, по пошта, усно на записник кај народниот правобранител, по телефакс или по електронска пошта. Народниот правобранител може да покрене постапка и по сопствена иницијатива, но за продолжување на постапката потребна е согласност од граѓанинот кому му е повредено уставното или законското право. Народниот правобранител интервенира кога:
се повредени поединечни права на граѓаните со акти или дејства на органите на државната управа и другите органи и организации што имаат јавни овластувања;
се дејствувало самоволно, бирократски, недолично и нехумано спрема граѓаните;
не се постапувало по барањата или се донело позитивно решение по барањето без законска основа;
се одолжува постапката по барањето;
не се вклучува заинтересирана странка во постапката;
странката се упатува од еден на друг шалтер или од еден на друг орган за работи и прибирање докази што органот може и службено да ги прибави;
не се спроведуваат извршните и конечните управни акти, и не се постапува по упатствата на второстепените управни и судските органи.
ГРАЃАНИНОТ МОЖЕ ДА ПОДНЕСЕ ПРЕТСТАВКА:
писмено (лично или по пошта);
усно на записник во просториите на Народниот правобранител;
по телефон или телефакс;
по електронска пошта.
ЗА ДА МОЖЕ НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ДА ПОВЕДЕ ПОСТАПКА ПРЕД НАДЛЕЖНИТЕ ОРГАНИ И ОРГАНИЗАЦИИ ПОТРЕБНО Е:
претставката да биде потпишана и да содржи лични податоци на подносителот (име и презиме, адреса, телефон и др);
да ги содржи околностите, фактите и доказите врз кои претставката се темели (решение, одлука, жалба, заклучок, уверение, потврда, мислење и слично);
во претставката треба да бидат наведени и органот, односно организацијата или службеното лице на кое се однесува претставката и актот (решение, заклучок, уверение и сл.) со кој е повредено неговото право и
да биде образложено дали и какви правни средства вложил подносителот.
Претставката треба да е разбирлива и јасна. Народниот правобранител во постапувањето по претставката секогаш ја почитува приватноста и тајноста на податоците на подносителот на претставката и за таквата преземена активност подносителот не може и не смее да трпи штетни последици од органот кој му го повредил правото.За поднесената претставка не се плаќа такса. За поднесување на претставката не се бара строго определена форма, односно претставката може да биде во ракопис. Во канцеларијата на Народниот правобранител постои неформален образец за поднесување претставка.
Ако е потребна помош од Народниот правобранител, можете да се обратите лично во Канцеларијата на Народниот правобранител во Скопје, како и во подрачните канцеларии во Тетово, Кичево, Штип, Струмица, Куманово и Битола, по телефон, по пошта, по факс или електронски.
Поднеси претставка
Постави прашање
Јавни набавки