Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 13.10.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД ПРЕСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2017

    повеќе
  • 06.09.2017

    НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕЗЕНТИРАНО ПОСЕБНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА „СОСТОЈБАТА СО...

    повеќе
  • 04.09.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Прашања и одговори

12.07.2011

Јас сум син на воен инвалид и студирав без плаќање партиципација и ме интересира дали тие права во областа на образованието важат и за постдипломски студии

Јас сум син на воен инвалид и студирав без плаќање партиципација и ме интересира дали тие права во областа на образованието важат и за постдипломски студии и дали можат и која е постапката за остварување на посебнита права во однос на вработувањето од член 10 од законот за посебните права на припадноците на безбедносните сили и на членовите на нивните семејства.

Ви благодарам.
 
Согласно член 13 од Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства според кои децата на загинат или починат припадник на безбедносните сили и децата на воен инвалид од I до VII група воен инвалидитет, имаат предност при запишување во високообразовни установи без плаćање партиципација, под услов да исполнат минимум бодови утврдени со Конкурсот за упис.

Заради одредени дилеми во практичното спроведување на регулативата за последипломските студии, односно дали канидатите имаат или немаат право да бидат ослободени од плаќање надоместок за упис на последипломски студии, за што и Вие се обративте, Народниот правобранител согласно Уставот на Република Македонија веќе има доставено барање за автентично толкување на односниот член од Законот до Собранието на Република Македонија.

По добивањето на автентичното толкување, Народниот правобранител очекува да се разјаснат одредени дилеми во примената на наведениот член во однос на плаќање или ослободување од надоместок при упис на последипломски студии.

Во однос на член 9 од Законот, Владата на Република Македонија е должна да обезбеди вработување во државните органи, јавните претпријатија и јавните установи, без јавен оглас, на еден невработен член на семејството на загинат или починат припадник на безбедносните сили во рок од три месеца од смртта на припадникот на безбедносните сили. Оттука, од цитираните законски одредби неспорно е дека постапката и начинот на спроведување на вработувањето на невработен член на семејството на загинат или починат припадник на безбедносните сили е во исклучива надлежност на Владата на Република Македонија, која би требало да го спроведува вработувањето на наведената категорија граѓани.

Согласно 10 од истиот Закон, државните органи, единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и јавните установи се должни при вработување под еднакви услови да дадат предност на невработен припадник на безбедносните сили. Правото од овој член може да се оствари само еднаш во рок од пет години по влегување во сила на овој закон. Од наведената законска одредба јасно е регулирано дека при спроведување на постапката за вработување на невработен припадник на безбедносните сили, доколку истиот ги има исполнето бараните критериуми еднакво како и другите кандидати, има право на предност во однос на тие кандидати, односно тој ćе биде вработен. 

Сепак, Народниот правобранител Ви укажува дека доколку во оваа смисла цените дека на конкретен начин, односно со конкретен акт е извршена повреда на Вашите права, Вие можете да доставите претставка до Народниот правобранител кој ќе ја преиспита и ќе постапи согласно законските надлежности.

Прашања и одговори




Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2017
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија