Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.12.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО...

    повеќе
  • 20.11.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 13.10.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД ПРЕСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2017

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Прашања и одговори

12.07.2011

Три месеци работев во државно средно училиште за кој период немав потпишано никаков договор. Дали можете да ме упатите каде да се обратам и кои воопшто се моите права во врска со потпишување договор?

Почитувани,
Три месеци работев во државно средно училиште за кој период немав потпишано никаков договор.По истекот на трите месеци и поради летниот одмор имав пауза во истото училиште од 2 месеца. Од 1ви Септември повторно ме викнаа на работа.Дали можете да ме упатите каде да се обратам и кои воопшто се моите права во врска со потпишување договор?

Прашањата поврзани со засновањето на работниот однос, потпишувањето на договорот за вработување (на определено или неопределено време), висината на платата и надоместоците по основ на плата и други прашања од оваа област се уредени со одредбите на членовите 13-21 и членовите 105-115 на Законот за работни односи ( „ Службен весник на РМ” бр. 62/05 ).

Имајќи предвид, како што наведувате во дописот дека повторно сте започнале со работа, а се уште немате потписано договор, сметаме за потребно да Ве известиме дека правата можете да ги остварите и преку обраќање до Државниот трудов инспекторат, кој функционира во состав на Министерството за труд и социјална политика, но претходно би било целисходно да се обратите со писмено барање до работодавецот односно директорот на училиштето.

Едновремено, Ве известуваме дека по обраќањето до директорот на училиштето можете да доставите и преставка до народниот правобранител, на начин и форма пропишана со закон.

Прашања и одговори




Пребарување

Кaлендар на настани

декември 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија