Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 18.07.2017

    ПРЕЗЕНТИРАН ШЕСТИОТ ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ

    повеќе
  • 26.06.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ...

    повеќе
  • 20.06.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Прашања и одговори

12.07.2011

Ме интересира дали може да се достави претставка за кршење на детски права анонимно?

Почитувани,

Ме интересира дали може да се достави претставка за кршење на детски права анонимно? Се работи за насилство на деца од страна на наставник во основно училиште. Училиштето и други органи се запознаени меѓутоа не покренуваат постапка за суспендирање на тој наставник поради тоа што родителите под закана на наставникот не поднеле писмена жалба.
Дали одделението на Народниот правобранител би го испитало случајот доколку добие анонимна претставка?

Благодарам за одговорот!
Загрижен граѓанин

Почитувани,

Во врска со Вашето барање кое се однесува на постапката на Народниот правобранител по претставки за заштита на правата на децата, Ве известуваме дека согласно член 16 од Законот за народниот правобранител (“Сл. весник на РМ”бр.60/03) претставката поднесена до Народниот правобранител треба да биде потпишана и да содржи лични податоци за подносителот и да ги содржи околностите, фактите и доказите врз кои се темели претставката. Натаму, согласно член 18 од истиот Закон, Народниот правобранител во текот на постапката по претставката е должен да ја почитува приватноста и тајноста на податоците што се однесуваат на подносителите од членот 16 на овој закон. Оттука, практично Вие, како и другите родители можете да се обратите лично до Народниот правобранител со една заедничка претставка во која ќе бидат наведени Вашите лични податоци и која ќе биде потпишана од сите Вас и во која секако ќе бидат изложени сите околности и субјекти поради кои цените дека се врши повреда на правата на Вашите деца. Сепак, и покрај тоа што ќе располага со конкретни податоци, Народниот правобранител согласно цитираната одредба е должен да ги чува во тајност Вашите лични податоци и податоците на Вашите деца, така што обраќањата на Народниот правобранител до надлежните органи ќе се однесува генерално за сите деца од односната паралелка, додека Вашите лични податоци ќе ги сочува во тајност односно нема да ги пласира до институциите каде што ќе цени дека е потребно да се обрати.

Со оглед на вака изложената состојба, Народниот правобранител, ќе Ви биде благодарен ако го известите за Вашата одлука, без оглед дали од Ваша страна ќе се решите да доставите претставка или ќе се воздржите од користење на наведеното законско право.

Прашања и одговори




Пребарување

Кaлендар на настани

август 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија