Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.12.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО...

    повеќе
  • 20.11.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 13.10.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД ПРЕСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2017

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Прашања и одговори

12.07.2011

Прашање од областа на работните односи

За време на мисијата ми исплакаат плата по правилникот за дипломатски и конзуларни претставништва а ние таму сме во база со зголемени мерки на борбена готовност и не ни е допуштен излез од базата т.е не извшуваме задачи по потрба во секое време. Дали не следуваат дневници за секој поминат ден во мисија како и во Македонија кога сме на зголемени мерки на борбена готовност согласно законот за служба во АРМ. Бидејќи ни исплатуваат плата само за работни денови за осум часовно време.

Народниот правобранител имајќи ги предвид законските одредби од областа на одбраната и работните односи смета дека во конкретниов случај доколку беше предвидена таква законска можност истата досега на Вам и останатите од страна на органот ќе Ви била исплатена.
Според законските одредби Вие како воени претставници имате дипломатски статус и за Вас со ваквиот статус важат прописите како за вработените во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија, односно дека Вие остварувате плата и надоместоци од плата согласно Уредбата за начинот и постапката за утврдување на плата, додатоци на плата и надоместоците на определени трошоци во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија и согласно Законот за надворешни работи. Во горенаведените законски одредби не е предвидена можност за исплата на дневница поради зголемени мерки на борбена готовност.
Но Народниот правобранител Ви укажува дека доколку Вие сметате дека со неисплатувањето на дневница поради зголемени мерки на борбена готовност Ви се врши повреда на Вашите права од работен однос за тоа можете да се обратите до работодавецот, до инспекциските служби или пак да иницирате постапка пред надлежниот суд.

Прашања и одговори




Пребарување

Кaлендар на настани

декември 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија