Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 13.10.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД ПРЕСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2017

    повеќе
  • 06.09.2017

    НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕЗЕНТИРАНО ПОСЕБНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА „СОСТОЈБАТА СО...

    повеќе
  • 04.09.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Прашања и одговори

12.07.2011

Прашање од областа на работните односи

Почитувани,

Имам едно прашање на кое ако сте во можност Ве молам да ми одговорите. Прашањето е следно: Колку време може еден работник да работи под договор за дело и дали ако работи повеќе години има некој законски основ или обврска тоа лице установата во која било ангажирано да го вработи со регулиран работен однос?
Сo почит,

Во Законот за облигационите односи се предвидува дека со договор за дело вршителот на работата (претприемач, изведувач на работи) се обврзува да изврши определена работа, како што е изработка или поправка на некој предмет или извршување на некоја физичка или интелектуална работа и слично, а нарачувачот се обврзува за тоа да му плати надомест.

Всушност договорот за дело претставува облигационен однос помегу две договорени страни кој може да трае се додека не се заврши работата за која се договориле страните од договорот.

Во Вашиот случај неспорно е дека Вие вршите работи и работни задачи во установата повеќе време и тоа ќе трае се додека не се заврши работата за која сте договорени или ако дојде до раскинување на договорот за дело согласно одредбите од Законот за облигационите односи. 
 Што се однесува до Вашето прашање дали постои обврска кај работодавачот на установата да Ве вработи, односно да Ви го регулира работниот однос со оглед на тоа дека долго време извршувате работи и работни задачи во установата, Ве известуваме дека работодавачот нема законска обврска тоа да го стори.

Во Законот за работните односи се предвидува дека јавните установи, јавно претпријатие и друго правно лице што врши дејност на јавна служба, орган на државната управа и орган на единицата на локалната самоуправа потребата од работник, односно вработувањето се обезбедува преку објавување на јавен оглас во најмалку два дневни весника од кои најмалку во по еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и во весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од органите кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.

За вработувањето во органите на државната управа работодавецот пред да објави јавен оглас потребно е да обезбеди финансиски средства за исплата на плата, кои ги одобрува министерот за финансии.

Во Законот за државните службеници се предвидува дека органот на државната управа потребата од работници ја доставува до Агенцијата за државните службеници која објавува оглас и ја спроведува целата постапка. И за вработувањето во органите на државната управа секако дека е потребно да бидат обезбедени финансиски средства од Министерството за финансии за да лицето биде вработено.

За да Вие го регулирате Вашиот статус како вработено лице согласно одредбите од горенаведените закони потребно е работодавецот на установа во која Вие ги вршите работите и работните задачи да побара, односно обезбеди финансиски средства од министерот за финансии за работното место на кое Вие ги вршите работите и работните задачи, работното место да го објави, а Вие да се пријавите на огласот како кандидат, па по спроведувањето на целата постапка да бидете избрани од работодавецот со што на тој начин ќе можете да го регулирате Вашиот работен статус.

Прашања и одговори




Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2017
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија