Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 13.10.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД ПРЕСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2017

    повеќе
  • 06.09.2017

    НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕЗЕНТИРАНО ПОСЕБНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА „СОСТОЈБАТА СО...

    повеќе
  • 04.09.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Прашања и одговори

12.07.2011

Кому треба да му се обратам за да успеам да го остварам моето право како акционер во едно акционерско друштво?

Имено, сакам да се информиран во однос на тоа дали сопственикот кој што владее со 56% од акциите на едно претпријатие е должен да ме извести за билансот на Акционерското друштво, каде што тој владее со најголемиот дел на акциите?

Ви благодарам

Во врска со Вашиот допис Ве известуваме за следното:

Согласно одредбите од Законот за трговските друштва годишната сметка усвоена од органот на управувањето на акционерското друштво се поднесува до Централниот регистар најдоцна до крајот на февруари.

Одобрените финансиски извештаи со годишниот извештај за работа на друштвото, органот на управување најдоцна 30 дена од нивното одобрување, но не подоцна од 30 јуни, со пропис ги доставуваат до Регистарот на годишни сметки при Централниот регистар и ги ставаат во деловната или во друга просторија на увид.

Право на увид има секој содружник или акционер. Податоците од годишните сметки се јавни и достапни на сите лица на начин и постапка согласно со овој и друг закон. Во таа смисла Централниот регистар издава информации, фотокопие од сметководствени искази и одделни податоци од електронската база, согласно Законот за Централниот регистер.

Прашања и одговори




Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2017
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија