Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 20.06.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 28.04.2017

    РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СЛУЧУВАЊАТА СО НАСИЛСТВО ВО...

    повеќе
  • 30.03.2017

    ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОЈА БЕШЕ ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТЕПЕНОТ НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Прашања и одговори

12.07.2011

Прашање од областа на пензиско и инвалидско осигурување - Која е постапката за остварување право на старосна пензија и кога, односно под кои услови може да се оствари право на старосна пензија?

Согласно одредбите од Законот за пензиско и инвалидско осигурување постапката за остварување на правата од пензиско и инвалидско осигурување се поведува по барање на осигуреникот и други лица наведени во член 134 од Законот (работодавецот или матичниот лекар).

Согласно член 136 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, барање за остварување право од пензиско и инвалидско осигурување се поднесува до Фондот.  Согласно  член 17 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, осигуреникот  ќе го оствари правото на пензија со навршување на 62 години (жена) или 64 години (маж) и најмалку 15 години пензиски стаж.

Согласно член 30 од Законот за измени и дополнувања на Законот за пензиското и инвалидското осигурување ( Службен весник на РМ бр. 24/2000 ) е предвидена можност осигурениците кои на денот на почетокот на примената на овој закон имале најмалку исполнет пензиски стаж од 35 години маж и 30 години жена правото на старосна пензија да го остварат под условите утврдени со Законот за пензиското и инвалидското осигурување (Службен весник на РМ бр. 80/93, 3/94, 14/95, 71/96 и 32/97). Тоа значи дека  осигурениците кои на 01 септември 2000 година имале најмалку 30 години пензиски стаж (жена), односно 35 години пензиски  стаж (маж) може да остварат право на старосна пензија  со наполнување на 35 години стаж жена и 40 години стаж маж, без оглед на возраста.

Прашања и одговори




Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија