Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 30.03.2017

    ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОЈА БЕШЕ ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТЕПЕНОТ НА...

    повеќе
  • 16.03.2017

    РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ОБИДИТЕ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕ НА ДЕЦА ВО...

    повеќе
  • 03.03.2017

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Прашања и одговори

12.07.2011

Прашање од областа на пензиско и инвалидско осигурување - Како да го остварам правото на инвалидска пензија?

За да се оствари правото на инвалидска пензија треба да бидат исполнети условите предвидени со член 63 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, односно потребно е кај осигуреникот да настанало губење на работната способност или да постои преостаната работна способност, но поради навршување на одредени години на живот да не може со преквалификација или доквалификација да се оспособи за вршење  друга соодветна работа и ако инвалидноста е причинета со повреда на работа или професионална болест осигуреникот може да се стекне со право на инвалидска пензија без оглед на должината на пензискиот стаж.

Понатаму, ако повредата е причинета со повреда надвор од работа или болест, осигуреникот ќе се стекне со право на пензија под услов пред настанувањето на инвалидноста, односно од денот на престанокот на осигурувањето по настанатата инвалидност да имал наполнет пензиски стаж кој му покрива најмалку една третина на периодот од наполнети најмногу 20 години живот до денот на настанувањето на инвалидноста (работен век) сметајќи го работниот век на полни години.

Народниот правобранител истовремено ги информира граѓаните дека нема надлежност да донесува одлуки за правата на граѓаните, туку може да преземе соодветни мерки само доколку оцени дека станува збор за повреда на постапката за остварување на правото на инвалидска пензија која може да се оствари само ако надлежните комисии оценат дека кај осигуреникот е целосно загубена способноста за работа и ако ги исполнува условите во поглед на пензискиот стаж.

Прашања и одговори




Пребарување

Кaлендар на настани

април 2017
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија