Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2020

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 26 ЈУНИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА...

    повеќе
  • 17.06.2020

    СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО НАПЛАТУВАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СВЕДИТЕЛСТВАТА

    повеќе
  • 09.06.2020

    ДОСТАВЕНО МИСЛЕЊЕ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ВРСКА СО ПУШТАЊЕТО ВО УПОТРЕБА НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Основни прашања

06.06.2011

Како можам да поднесам претставка?

Граѓанинот може да поднесе претставка:

  • писмено (лично или по пошта);
  • усно на записник во просториите на Народниот правобранител;
  • по телефон или телефакс;
  • по електронска пошта.

За да може Народниот правобранител да поведе постапка пред надлежните органи и организации потребно е:

  • претставката да биде потпишана и да содржи лични податоци на подносителот (име и презиме, адреса, телефон и др);
  • да ги содржи околностите, фактите и доказите врз кои претставката се темели  (решение, одлука, жалба, заклучок, уверение, потврда, мислење и слично);
  • во претставката треба да бидат наведени и органот, односно организацијата или службеното лице на кое се однесува претставката и актот (решение, заклучок, уверение и сл.) со кој е повредено неговото право и
  • да биде образложено дали и какви правни средства вложил подносителот.
  • Претставката треба да е разбирлива и јасна.

Народниот правобранител во постапувањето по претставката секогаш ја почитува приватноста и тајноста на податоците на подносителот на претставката и за таквата преземена активност подносителот не може и не смее да трпи штетни последици од органот кој му го повредил правото.

За поднесената претставка не се плаќа такса.

За поднесување на претставката не се бара строго определена форма, односно претставката може да биде во ракопис. Во канцеларијата на Народниот правобранител постои неформален образец за поднесување претставка.


Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија