Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 20.11.2020

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 11.11.2020

    ИН МЕМОРИАМ

    повеќе
  • 15.10.2020

    ПОТСЕТУВАЊЕ И ПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 15 ОКТОМВРИ -...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Односи со јавност: Одделение за односи со јавност

Известување за јавноста во врска со објавени текстови во неделникот „Фокус“ од трети септември и први октомври 2020 година

Народниот правобранител ја известува јавноста дека последните месеци е изложен на непрофесионално известување во врска со нашата работа од страна на неделникот „Фокус“, кој преку објавување невистини, шпекулации, навреди и клевети се обидува да го наруши нашиот углед во јавноста.

Најодговорно тврдиме дека во работата на Народниот правобранител нема ниту злоупотреба на финансиските средства, ниту непочитување на процедурите за унапредување или вработување.

Закупнината за канцеларијата во Скопје изнесува 10 еур по м2, а не 17 како што шпекулира неделникот.
За девет месеци Народниот правобранител има потрошено околу 3 илјади евра за патни трошоци за целата институција (7 канцеларии), а не над 1000 евра месечно лично правобранителот како што тенденциозно пренесува Фокус.

На две физички лица им се плаќа закупнина за деловните простории под закуп во Тетово и Кичево за кои неделникот и сервира на јавноста дека се фиктивни вработени.

Сите потребни вработувања и унапредувања беа реализирани во периодот 2017- 2019, во договор со Министерството за финансии,  а не за време на пандемијата.

Се сомневаме дека зад овие непримерни напади стојат лични интереси на главниот и одговорен уредник на „Фокус“, кој се пресметува со Народниот правобранител бидејќи не успеа да го вработи синот во нашата институција.  

                                                                                           Народен правобранител


Пребарување

Кaлендар на настани

ноември 2020
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија