Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

18.02.2011

АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА СЛУЧУВАЊАТА НА СКОПСКОТО КАЛЕ

Следејќи го последниот настан на Скопското Кале, каде дојде до судир помеѓу граѓани од двете најбројни етнички заедници во земјата, како и појавите на делби по разни основи, Народниот правобранител ја изразува својата загриженост за се почестото манифестирање нетрпеливост, особено на национална и верска основа.  

Нашето општество се одликува со низа различности по многу основи и она што претставува неопходност е да се покаже волја за разбирање, прифаќање и толеранција, како суштински предуслов за соживот и благосостојба.

Загрижува што во последно време поделбите во општеството добиваат се поголеми размери и директно влијаат на целокупните состојби со човековите права, а инцидентите од ваков вид многу лесно можат да прераснат во конфликт со сериозни последици за граѓаните и  општеството.

Пресметките помеѓу граѓаните што се случија и загрижувачките најави за нивно повторување, не смее да се дозволи да прераснат во уште поголеми делби и натамошно продлабочување на веќе постоечкиот јаз помеѓу различните етнички и верски заедници во општеството.

Затоа Народниот правобранител апелира до сите политички субјекти,  институции, граѓанското општество и граѓаните, да се воздржат од какви било активности што создаваат нетолеранција, а особено говор на омраза и можат да предизвикаат тензии и судири помеѓу различни етнички заедници и претставници на различни верски групи.

Народниот правобранител особено апелира до младите генерации од сите етнички заедници бидејќи тие се иднината на ова општество. 

                                                                           НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ


Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија