Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 07.06.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ (НПМ) ВО ЈУНИ ЌЕ БИДЕ...

    повеќе
  • 02.04.2019

    АНКЕТА „ШТО МИСЛАТ ГРАЃАНИТЕ ЗА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ“

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

12.01.2011

ЈСП „СКОПЈЕ„ ГО ПРИФАТИ УКАЖУВАЊЕТО НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА НЕПРЕЧЕНО КОРИСТЕЊЕ НА БЕСПЛАТНИОТ ПРЕВОЗ НА УЧЕНИЦИТЕ

Учениците од основните и средните училишта имаат право на бесплатен превоз, како со автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје”, така и со приватните превозници со кои e склучен договор за таа услуга. Од тие прични сите приватни превозници кои одбиваат  бесплатно да ги возат учениците треба да бидат санкционирани.

Ова е ставот на Народниот правобранител, што го прифати  ЈСП „Скопје„ како носител на Договорот за превоз на учениците склучен со градот. Имено по добиените сознанија на омбудсманот дека приватните превозници „Мак Експрес„ и „Слобода Превоз„ кои сообраќаат на линиите 19, 20, 23,и 45 не им ги признаваат слободните карти особено на учениците од општината Шуто Оризари како и оние од општината Аеродром, се обрати до Јавното претпријатие со укажување за непречено користење на бесплатниот превоз од страна на сите ученици  и со приватните превозници.

Истовремено ЈСП „Скопје“ го извести Народниот правобранител дека во иднина ќе ги зачести контролите кај приватните превозници, како и  за потребата од општ апел до родителите и децата доколу и натаму наидуваат на вакви проблеми  веднаш да ги информираат надлежните.

Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2019
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија