Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

10.12.2010

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ДЕНОТ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА: ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА СЕ ОСНОВА ЗА ГРАДЕЊЕ НА МИРОТ И ПРАВДАТА

Денeшниот ден – Денот на човековите права, 10-ти декември, оваа година го посветуваме на бранителите на човековите права, без разлика дали станува збор за институции или поединци ширум светот кои делат една единствена цел – да им помогнат на најранливите, да го заштитат нивното човечко достоинство, да ги заштитат од дискриминација.

Човековите права се основа за градење на: слободата, мирот и правдата, а бранителите на човековите права играат суштинска улога во заштитата од дискриминација и зачувување и почитување на  универзалниот принцип на еднаквост.

Одбележувајќи го денешниот ден Народниот правобранител потсетува на потребата за промоција и заштита на човековите права во земјата, но и укажува на одговорноста на државата да ги поддржува дејствувањата на бранителите во заштитата на човековите права.
 Денот на човековите права претставува можност да ги поздравиме сите храбри дејствувања на познатите и непознатите бранители на човековите права, но и инспирација за сите нас во насока на зајакнување на нашите активности на овој план.

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ


Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2019
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 2
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија