Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

16.11.2010

Скопје

ИНФОРМАЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЈАВАТА ТРГОВИЈА СО ДЕЦА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

„И покрај законската обврска, центрите за социјална работа не донесуваат решенија за надзор над вршењето на родителското право кога е евидентирано дете жртва на трговија. Само во еден случај центарот времено го одзел родителското право, а во еден случај е донесена  судска одлука за одземање на родителското право. Поголемиот број деца жртви на трговија со луѓе остануваат во своите семејства, а тие што биле сместени во прифатилишта или во друга установа се вратени во нивните семејства. Исто така, не постои  државен центар за сместување на децата жртви.“

Ова се дел од констатациите на Народниот правобранител дадени во посебната Информација за појавата со трговијата со деца во Република Македонија, направен по добиените податоци од релевантните институции.

Заради надминување на овие состојби, Народниот правобранител  меѓу другото препорачува да се направи посебна едукација на децата за појавата на трговија и за нејзините разни појавни форми и облици. Истовремено неопходно е да се отворат прифатилишта за сместување деца жртви, а децата да бидат одвоени во зависност од полот. Една од препораките е центрите за социјална заштита да изработат планови за индивидуална работа со децата жртви на трговија.

Пребарување

Кaлендар на настани

август 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија