Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 25.09.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ ДОМАЌИН НА ВТОРИОТ...

    повеќе
  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

10.11.2010

Скопје

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОСЕТАТА И УВИДОТ ВО ПОЛИЦИСКИТЕ СТАНИЦИ ОД ОПШТА НАДЛЕЖНОСТ

„Посетите и увидите во полициските евиденции и материјалните услови во сите 38 полициски станици од општа надлежност оставија впечаток за значителен напредок во поглед на водењето на книгите за дневни настани, регистрите за повикани, приведени или задржани лица, како и во поглед на содржината на поднесоците (записник за задржување на лице, записник за претрес, потврди за привремено одземени или вратени предмети, службени белешки и т.н.), со поеднинечни недостатоци. Во поглед на материјалните услови Народниот правобранител констатира дека во еден дел (особено во поголемите полициски станици) се реализира програма на Министерството за внатрешни работи за целосна реконструкција, санација, па дури и изградба на сосема нови простории за задржување.“

Ова меѓу другото се вели во посебната информација за состојбите во полициските саници од општа надлежност, што ја изготви Народниот правобранител по посетата на овие станици, а која е доставена до надлежното министерство.

Истовремено во информацијата омбудсманот препорачува Министерството за внатрешни работи во рамките на Буџетот со кој располага да преземе дејствија за довршување на активностите и ставање во функција на просториите чија реконструкција или градба беше започната во 2010 година и да продолжи со реконструкција, санација и изградба во останатите полициски станици, а секторите за внатрешни работи да ја зголемат контролата на полициските станици со цел да се обезбеди поголема доследност и да се намалат пропустите при водењето на евиденциите, како и да се обезбеди континуитет на општа добра хигиена во просториите за задржување. Исто така, една од препораките е и полициските станици да постапат по забелешките на Народниот правобранител дадени за време на посетата и да пристапат кон отстранување на неправилностите констатирани од страна на Народниот правобранител.

Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија