Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

16.11.2010

СТАВ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ДЕНОТ НА ТОЛЕРАНЦИЈАТА

Почитувани граѓани,

Денес, на меѓународниот ден на толеранцијата уште еднаш да се потсетиме на основните вредности што го карактеризираат едно демократско општество. Правда, слобода, еднаквост!

Сето тоа не може да стане реалност доколку не се обидеме да ги разбереме и прифатиме различностите.
Основа на секоја идеја за човековите права е еднаквоста и еднаквиот третман на сите. 

Неразбирањето и нетолеранцијата на она што е поинакво и различно претставува корен на конфликти и тензии, а да не заборавиме дека Република Македонија е општество кое се карактеризира со низа различности од многу аспекти.

Учењето и разбирањето на различностите е првиот чекор кон воспоставување на здрави демократски односи.

Прифаќањето на различностите е основа на почитувањето на правата на сите луѓе во едно општество. Затоа, да не ја вртиме главата од тоа што е различно. Да го погледнеме, разбереме, прифатиме и почитуваме.

Да заборавиме на говорите на омраза што само придонесуваат кон продлабочувањето на неприфаќањето на различностите.

Да ја подадеме својата рака кон другиот до нас и почитувајќи ги неговите права да го овозможиме почитувањето на сите единки во ова општество!

Имајќи ја предвид идејата поради која овој ден се одбележува  Народниот правобранител ги повикува граѓаните да ја погледаат театарската претстава „Исти на различен начин“ која ќе се прикажува во Драмскиот театар Скопје на 21.11.2010 во 20,00 часот и на  28.11.2010 во истиот термин во Драмскиот Театар.          
   

    НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ


Пребарување

Кaлендар на настани

август 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија