Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

10.11.2010

Скопје

ИНФОРМАЦИЈА ЗА СОСТОЈБИТЕ СО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА ОСУДЕНИТЕ ЛИЦА ВО КАЗНЕНО-ПОПРАВНИТЕ УСТАНОВИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

„Состојбата со просторните услови во кои функционираат казнено-поправните установи не е на задоволително ниво. Оваа констатација особено е изразена за КПД Идризово, a најмногу во објектот во кој функционира Затвореното одделение. Комуникацијата на осудените лица со надворешниот свет (телефонирање, прием и праќање писма и сл.) е на задоволително ниво, а познато е дека користењето на погодностите, особено викенд отсуството, е мошне значајна алка во целокупниот процес на ресоцијализација.“

Ова се дел од констатациите на Народниот правобранител изготвени по увидот во состојбите во Казнено-поправните установи во Македонија, а се дел од посебната информација, која е доставена до надлежните институции.

Омбудсманот заради надминување на негативните состојби во казнено-поправните домови предлага преземање низа мерки меѓу кои:  интензивирање на активностите за спроведување на Проектот – Реконструкција на казнено-поправните и воспитно-поправните установи во Република Македонија, како и целосно имплементирање на Стратегијата за ресоцијализација и социјална адаптација на осудените лица и донесување на актот за класификација на осудените лица, како и куќен ред во сите установи.

Пребарување

Кaлендар на настани

август 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија