Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 07.06.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ (НПМ) ВО ЈУНИ ЌЕ БИДЕ...

    повеќе
  • 02.04.2019

    АНКЕТА „ШТО МИСЛАТ ГРАЃАНИТЕ ЗА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ“

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ПО ПОВОД ОДРЖУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВАТА „ИСТИ НА РАЗЛИЧЕН НАЧИН“ ШТО Е ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ ЗА ПОДДРШКА НА ИНСТИТУЦИЈАТА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ 14.10.2010

Скопје

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ПО ПОВОД ОДРЖУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВАТА „ИСТИ НА РАЗЛИЧЕН НАЧИН“ ШТО Е ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ ЗА ПОДДРШКА НА ИНСТИТУЦИЈАТА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

„Поставувањето на правила на однесување преку соодветни законски норми не е доволно за да се справиме со феноменот дискриминација. Напротив, тое е само еден сегмент од она што треба да го стори едно општество на планот на борбата против дискриминацијата“.

Ова меѓу другото го рече народниот правбранител г. Иџет Мемети на прес-конференцијата на која беше промовирана  театарската претстава со наслов: „Исти на различен начин“, која е дел од проектот за промоција и поддршка на институцијата Народен правобранител од шведската Меѓународна агенција за развој (SIDA). Претставата е работена по текст на Венко Андоновски,  во режија на Наташа Поплавска.

„Станува збор за театарска претстава која има за цел да ги истакне и потенцира сите форми во кои може да се манифестира дискриминацијата, но и да ја потенцира улогата на Народниот правобранител во заштитата на нејзините жртви.“ истакна г. Мемети.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје амбасадорот г. Хозе Луис Хереро рече дека за искоренување на дискриминацијата потребна е соработка на сите институции меѓусебно, истакнувајќи дека особено е важна соработката со Народниот правобранител.

Амбасадорот на Кралството Шведска Ларс Вахлунд потенцира дека институцијата Омбудсман и понатаму може да смета на поддршка од страна на шведската Меѓународна агенција за развој (СИДА) за сите проекти кои помагаат во нејзиното зајакнување.

Објаснувајќи ја идејата авторот Андоновски меѓу другото рече: „Без дискриминиран јунак не е можно да се направи литературно дело, но со диксриминиран човек не е можно да се направи демократско општество“. Режисерот на преставата Пополавска истакна дека пораките за дискриминација посилно се испраќаат преку театарот отколку со рекламите.

Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2019
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија