Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 25.09.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ ДОМАЌИН НА ВТОРИОТ...

    повеќе
  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

14.04.2010

ИНФОРМАЦИЈА ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРИМЕНАТА НА НАЧЕЛАТА НА СООДВЕТНА И ПРАВИЧНА ЗАСТАПЕНОСТ И НЕДИСКРИМИНАЦИЈА

„Во 2010 година надлежните институции треба поактивно да се ангажираат за спроведување на уставниот принцип на соодветна и правична застапеност, особено на помалите етнички заедници, како и да се зајакне законската регулатива со инструменти кои ќе придонесат за поуспешно спроведување на овој принцип.
Препораката за почитување на овој принцип се однесува и на јавните претпријатија за кои е констатирано дека веќе неколку години наназад не го почитуваат. За реализација на оваа цел потребно е надлежните институции да изготвуваат планови за соодветна и правична застапеност и да се придржуваат кон нив.“

Ова се дел од согледувањата и препораките на Народниот правобранител содржани во Посебната информација за следење на примената на начелата на соодветна и правична застапеност и недискриминација, направена врз база на податоците доставени од  институциите. Исто така, Народниот правобранител констатира дека речиси 40 отсто од институциите на кои им се обратил не доставиле податоци за соодветната и правична застапеност.

Што се однесува до начелото на недискриминација, народниот правобранител смета дека и во иднина треба да се работи на подигнување на свеста кај граѓаните за разните облици на дискриминација со цел полесно препознавање и сузбивање на оваа појава.

Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија