Новости и настани
11.12.2009
ИНФОРМАЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА УСЛОВИТЕ ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ДЕТСКОТО ОДМОРАЛИШТЕ „ЉУБАНЦИ“
„Министерството за труд и социјална политика треба да ги преземе сите неопоходни мерки и да им обезбеди нормални услови за живот на бездомните лица сместени во Детското одморалиште „Љубанци“. Исто така, потребно е да се преземат и сите мерки согласно Конвенцијата за правата на детето, и на децата сместени во одморалиштето да им се обезебеди здравствена заштита, како и правата од образование.“
Ова е дел од посебната информација која се однесува на состојбите во однос на условите за сместување бездомници во Детското одморалиште „Љубанци“. Информацијата Народниот правобранител ја изготви по увидот во одморалиштето и ја достави до Министерството за труд и социјална политика.