Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 07.06.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ (НПМ) ВО ЈУНИ ЌЕ БИДЕ...

    повеќе
  • 02.04.2019

    АНКЕТА „ШТО МИСЛАТ ГРАЃАНИТЕ ЗА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ“

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

09.10.2009

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОЈАВИТЕ НА ФИЗИЧКО, ПСИХИЧКО И СЕКСУАЛНО МАЛТРЕТИРАЊЕ НА ДЕЦА СМЕСТЕНИ ВО УСТАНОВИ

„Најголемиот број од децата сместени во установи немаат никакви сознанија за нивните права и обврски, а следствено на тоа не можат да ги распознаат повредите и злоупотребите на нивните права. Без оспособување на децата да ги распознаваат нивните права и обврски не може да се очекува децата да се развиваат во одговорни и совесни граѓани. Државата треба да ги преземе сите мерки за оспособување на децата за распознавање на нивните права и обврски, за повредите и злоупотребите на нивните права, а службените и одговорните лица во установите редовно и континуирано да се обучуваат и едуцираат за детските права и да ги прземаат сите можни мерки за создавање услови за доследно остварување, почитување и заштита на слободите на децата.“

Ова се дел од констатациите и препораките дадени во посебната Информација на Народниот правобранител изготвена по посетата на  установите за сместување и згрижување деца во кои е спроведено истражување за појавите на физичко, психичко и сексуално малтретирање. Истражувањето е направено во трите установи за сместување деца: Домот „11 Октомври“, „25 Мај“ и „Ранка Милановиќ“ во периодот мај - јуни годинава. Народниот правобранител Информацијата ја достави до Министерството за труд и социјална политика и до споменатите установи.

Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2019
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија