Новости и настани
05.10.2009
ИНФОРМАЦИЈАТА ЗА УВИДОТ ВО ПОЛИЦИСКИТЕ СТАНИЦИ ОД ОПШТА НАДЛЕЖНОСТ ДОСТАВЕНА ДО ВЛАДАТА И ДО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
„Владата на Република Македонија за следната година треба да обезбеди финансиски средства за санирање и подобрување на материјалните услови во просториите за задржување во полициските станици, како и за изградба и опремување на полициските станици кои немаат такви простории. Исто така, Министерството за внатрешни работи во рамките на буџетот со кој распага треба да започне со конкретни активности за реализација на изготвените проекти за стандардизирање на просториите за задржување во полициските станици“.
Ова се дел од препораките дадени во Посебниот извештај од посетата и увидот во полициските станици од општа надлежност кој го изготви Народниот правобранител и го достави до Владата и до Министерството за внатрешни работи. Посетата е направена во периодот мај - јуни годинава во сите 38 полициски станици од општа надлежност во Републиката.