Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 07.06.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ (НПМ) ВО ЈУНИ ЌЕ БИДЕ...

    повеќе
  • 02.04.2019

    АНКЕТА „ШТО МИСЛАТ ГРАЃАНИТЕ ЗА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ“

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

03.04.2009

ЗА ВРЕМЕ НА ВТОРИОТ КРУГ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ И ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ЌЕ БИДАТ ОТВОРЕНИ КАНЦЕЛАРИИТЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ГРАЃАНИТЕ

Во недела 5-ти април на денот на одржување на вториот круг на изборите за претседател на Република Македонија,  како и изборите  за градоначалници на општините и градоначалник на градот Скопје, сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип ќе бидат отворени за граѓаните со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните права.
 И во оваа пригода Народниот правобранител уште еднаш ја истакнува важноста на почитувањето на правото на слободно изразување на волјата на граѓаните, како едно од фундаменталните човекови права, што придонесува за создавање демократски и функционални институции за здраво демократско општество.

Во таа насока, Народниот правобранител апелира до сите, а посебно до надлежните органи, во рамките на нивните можности и надлежности да придонесат за спроведување избори во кои гласањето ќе се одвива слободно и непречено во согласност со законот и доследно ќе се почитуваат човековите права, како и најдобриот интерес на детето.

Телефони за контакт:
Канцеларија во Битола: 047 242 310, Кичево: 045 228-586, Куманово: 031 431-488, Скопје: 02 3129-351 и 02 3129-335, Струмица: 034 329-995, Тетово: 044 344-081 и Штип: 032 389-701.


 


Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2019
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија