Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

18.11.2008

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ИЗГОТВИ ПОСЕБНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СОСТОЈБАТА СО УПИСОТ НА ДЕЦАТА ВО МАТИЧНАТА ЕВИДЕНЦИЈА НА РОДЕНИТЕ

„Неспорно е дека во Република Македнија има деца кои не се запишани во матичната евиденција на родените, а ниту еден орган или институција нема евиденција, ниту е направено истражување колку и кои деца не се запишани во матичната евиденција. Децата кои не се запишани во матичната евидеција не можат да ги остваруваат правата и обврските поради што се ставени во нееднаква состојба и се дискриминирани“.

Ова се само дел од констатациите до кои дојде Народниот правобранител, содржани во посебната Информација за состојбата со уписот на децата во матичната евиденција на родените, направена согласно Програмата за работа на институцијата за 2008 година, која е пратена до Владата на Република Македонија.

За надминување на проблемите Народниот правобранител им предлага на надлежните институции да направат истражување и анализа на состојбите за да се утврди бројот на децата кои не се запишани во матичната евиденција. Исто така, потребно е да се упрости постапката и да се предвиди можноста за ослободување од какви било трошоци за лицата кои се во тешка социјална состојба и за родителите коишто планираат детето да се роди во домашни услови поради немање материјални средства, за да може раѓањето да се изврши во здравствена установа.

Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2019
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 5
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија