Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ПО ПОВОД ПОЧНУВАЊЕТО НА КАМПАЊАТА ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ 09.09.2008

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ПО ПОВОД ПОЧНУВАЊЕТО НА КАМПАЊАТА ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

“Отворени денови на Народниот правобранител„ е името на кампањата  која ќе се одвива од 11 септември, па се до 24 октомври во 15 општини во Република Македонија, поддржана од Мисијата на ОБСЕ и шведската Агенција за меѓународен развој СИДА, а која има за цел запознавање на граѓаните со надлежностите на Народниот правобранител.

“Со оглед на тоа дека фокусот на Народниот правобранител секогаш се граѓаните и оваа кампања е предвидена за нивно информирање за надлежностите на институцијата, нејзините овластувања и можности поради што и слоганот на кампањата гласи: Имаш права - заштити ги!

Кампањата ќе биде спроведена во 15 општини во државата во кои ќе се делат промотивни материјали, ќе се примаат претставки, а на трибина ќе се разговара со граѓаните„.

Ова меѓу другото го рече народниот правобранител г. Иџет Мемети на прес-конференцијата организирана по повод почетокот на кампањата.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ Амбасадорот г. Џорџо Радикати истакна дека ОБСЕ и понатаму ке ја поддржува институцијата Народен правобранител.

“Ги повикуваме граѓаните на општините кои ќе бидат посетени во следниве неколку месеци да ја искористат оваа можност и да ги посетат јавните штандови и да учествуваат на состаноците со персоналот на Народниот правобранител„ - рече Радикати на прес-конференцијата.
Заменик - амбасадорот на Кралството Шведска г. Свен Ниландере пак, истакна дека институцијата Народен правобранител во Република Македонија е пример за успешни реформи во земјата.“Човековите права и подигнувањето на свеста кај граѓаните за нивните права е многу важно. Затоа Шведска исто така го поддржува развојот на оваа институција„ – рече г. Ниландер.

Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2019
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 2
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија