Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

04.09.2008

ИНФОРМАЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОСЕТАТА И УВИДОТ ВО ПОЛИЦИСКИТЕ СТАНИЦИ ОД ОПШТА НАДЛЕЖНОСТ

„Нецелосни податоци за идентитетот на лицето лишено од слобода, отсуство на податок за времето на пристапување на бранител, доколку задржаното лице го користело правото на одбрана со помош на бранител, како и отсуство на податок за времето за укажување на лекарска помош“.

Ова се само дел од заклучоците до кои дојде тимот на Народниот правобранител кој во периодот од 15 мај до 10 јуни посети 38 полициски станици  од општа надлежност и три полициски одделенија во државата. Заклучоците се содржани во Информацијата за посетата и увидот во полициските станици од општа надлежност во која се дадени и препораки за отстранување на констатираните слабости. Информацијата  е доставена до Владата на Република Македонија и до Министерството за внатрешни работи.

Народниот правобранител смета дека Владата треба да создаде и обезбеди материјални и други претпоставки со цел за обезбедување целосно почитување на човековите слободи и права на лицата на кои им е ограничена слободата на движење. Една од препораките е Министерството за внатрешни работи да ги забрза активностите за прилагодување на просториите за задржување во полициските станици согласно предвидените стандарди.

Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2019
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија